Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2013

Хал го врати Фигуероа во Премиер лигата

Мајнор Фигероа, фудбалскиот репрезентативец на Хондурас и досегашен фудбалер на Виган, потпиша за новиот англиски премиерлигаш Хал, соопшти клубот.

Хал пласманот во Премиер лигата го избори во последното коло на Шампионат лигата, бидејќи на четврти мај одигра 2-2 со Кардиф, кој претходно обезбеди место во елитата.
Фигероа минатата сезона играше во Виган, со кого испадна од Премиер лигата, а поради повреда на препоните, не го играше финалето на ФА купот, кое го освоија фудбалерите на Виган.
Искусниот бек во Виган дојде во 2008 година и оттогаш одигра 148 натпревари и постигна три погодоци.
Фигероа за националниот тим на Хондурас настапи 95 пати и постигна два гола.

Најнови вести