Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2017

Гвардиола: Голема лекција, покажавме кои сме

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека неговиот тим успеал да го совлада Вест хем (2-1) и покрај тоа што ривалот цело време се бранел во второто полувреме.

„Почнавме навистина добро, но потоа го изгубивме трпението. Немавме ниту малку ритам бидејќи нивниот голман Адријан секој пат земаше 30 секунди да ја исфрли топката“, изјави Гвардиола.
Во четвртиот натпревар во низа, Сити даде гол за победа во завршницата на средбата, овој пат стрелец беше Давид Силва во 83-тата минута.
„Да, слично беше како на претходните натпревари, мислев дека ќе дадеме гол во второто полувреме. Играа со десетмина во шеснаесетникот, беше речиси невозможно, така што ова е голема победа, таа покажува кои сме“, изјави шпанскиот стручњак.
„Секогаш мораме да се обидеме кога соперникот се брани така, а сега ни помогна тоа што имавме двајца напаѓачи во второто полувреме. Тоа е голема лекција за мене, повеќе шанси создадовме со двајца напаѓачи – ритамот е подобар, често бевме во шеснаесетникот, а Де Бројне во средината ни даде вистинско темпо“, додаде менаџерот на Сити.
Вест хем поведе во 44-тата минута со голот постигнат со глава од страна на Огбона.
„Многу разговаравме за одбраната од прекините, но тие се повисоки. Тоа ќе се случи и следната недела во натпреварот со Манчестер јунајтед, мораме да се обидеме да примаме помалку голови на тој начин“, изјави Гвардиола.
Манчестер сити сега има 43 бода, осум повеќе од второпласираниот градски ривал Јунајтед, кај кого ќе гостува следната недела.

 

Најнови вести