Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
17.2.2018

ФА куп: Челзи гази, Жиру феноменално се вклопи

Екипата на Челзи се пласира во четврт-финалето на ФА купот откако го победи Хал со 4-0.

Избраниците на Антонио Конте пред Лигата на шампионите се во добра форма, на  претходните два натпреварувачки дуели остварија две победи (3-0 против Вест Бромич албион и со 4-0 против Хал).
„Сините“ секоја дилема за учесникот во четврт-финалето ја отстранија на почетокот на натпреварот, а блескаше Оливие Жиру.
Французинот засега одлично се вклопи во новиот тим. Челзи до водство дојде во втората минута, кога Жиру му асистираше на Вилијан, кој постигна преубав гол од 16 метри.
Вториот гол претставува вистинска рефлекција. Жиру испрати пас кон Фабрегас, кој од прво топката ја испрати кон Педро. Тој на одличен начин ја прими и потоа со сигурен удар со левата нога го совлада Маршал (27-ма минута).
Набрзо на семафорот резултатот беше 3-0. Само пет минути подоцна, Французинот повторно му асистираше на Вилијан, а Бразилецот повторно со убав удар ја испрати топката зад грбот на голманот Хал.
Жиру одличната партија ја круниса со гол. Во 42-рата минута поранешниот напаѓач на Арсенал ја затресе мрежата.
Во продолжението на натпреварот Хал можеше да ја намали предноста, но Мејлер не го погоди пеналот во 51-вата минута. Челзи го олабави темпото во останатите 45 минути и на крајот заслужено се пласира во наредната фаза.
Во четврт-финалето се пласира и екипата на Лестер, која со 1-0 го победи Шефилд јунајтед. Единствениот гол го постигна Џејми Варди во 66-тата минута.

Најнови вести