Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2017

Зидан по суспензијата на Роналдо: Изнервиран сум!

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека е многу вознемирен поради строгата казна за фудбалерот Кристијано Роналдо, кој е суспендиран на пет натпревари поради тоа што го турна судијата во текот на првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија против Барселона.

„Изнервиран сум. Сите сме многу вознемирени. Нема да ги напаѓам судиите, но кога ќе видите што се случило и ќе помислите дека Роналдо нема да игра пет натпревари... Нешто се случило таму, изнервиран сум“, изјави Зидан на конференцијата за новинарите, пренесува „Евроспорт“.
Роналдо е суспендиран на еден натпревар поради црвениот картон, а уште на четири поради тоа што го турна судијата.
Реал Мадрид поднесе жалба за суспензијата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, кој денес ќе донесе одлука, што би можело да значи дека Роналдо ќе игра во реванш-натпреварот вечерва во Мадрид.
„Мораме да почекаме, комисијата ќе се сретне денес и ќе видиме што можеме да направиме“, додаде тренерот на Реал Мадрид.
На прашањето дали мисли дека суспензијата е изречена за Роналдо да се издвои од екипата, Зидан изјави дека не знае и дека се надева дека не станува збор за тоа.
„Се надевам дека тоа свесно го направиле, бидејќи само ја работат нивната работа, но она што ме вознемирува се петте натпревари“, изјави Зидан.
Во одбрана на Роналдо застана и неговиот соиграч Даниел Карвахал, кој изјави дека Португалецот е остро казнет.
„Тоа е престрога казна и ситуацијата е премногу фрустрирачка. Јас не сум главен судија, но мислам дека не требаше да биде исклучен“, изјави Карвахал и додаде дека сите во клубот се вознемирени бидејќи Роналдо е важен играч за екипата.

 

Најнови вести