Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2015

Солскјер повторно на клупата на Молде

Оле Гунар Солскјер, легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед, повторно е именуван за тренер на Молде.

Солскјер се врати во клубот што го водеше од 2011 до 2014 година и со кого освои две шампионски титули на Норвешка и играше во Лигата на шампионите.
Тој на клупата на Молде ќе го замени Ерлинг Мое, само еден ден пред натпреварот од третото коло во групата А на Лигата на Европа против Селтик.
Норвешкиот напаѓач одигра 367 натпревари и постигна 128 голови за Јунајтед, од кои, секако, највреден е победоносниот и феноменален пресврт против Баерн, во продолжението на средбата, во финалето на Лигата на шампионите 1999 година (2-1).
Во текот на тренерската кариера ги водеше резервниот тим на Јунајтед, Кардиф и младинскиот тим на Клаусенген, каде што и почна да игра фудбал.