Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2011

Меирелеш во Челзи, Нгог во Болтон, Белами во Ливерпул

На последниот ден на преодниот рок Раул Меирелеш потпиша за Челзи, Давид Нгог се договори со Болтон, а Крег Белами се врати на „Енфилд роуд“ како слободен фудбалер.

Португалскиот репрезентативец поднесе барање за трансфер, по што потпиша за Челзи, а Ливерпул доби 12 милиони фунти отштета. Дваесет и осумгодишниот Меирелеш дојде во Ливерпул лани, и на 35 натпревари постигна 5 голови, а сезонава не е во плановите на Кени Далглиш, кој повеќе се потпира на младите сили на клубот.
Младиот француски напаѓач Давид Нгог вчера потпиша договор за Болтон вреден 3,5 милиони фунти. Дваесет и двегодишниот Французин член е на Ливерпул од 2008 година, а досега настапи на 61 натпревар, на кој постигна девет голови.
Крег Белами се врати во Ливерпул како слободен фудбалер, откако минатата сезона настапуваше како зајмен фудбалер на Манчестер сити во Кардиф. Ова е втор негов престој на „Енфилд роуд“, откако во сезоната 2006/07 настапи 27 пати во дресот на „црвените“ и постигна седум голови.

Најнови вести