Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2014

Кристал палас го отпушти Ворнок

Управата на англискиот фудбалски клуб Кристал палас во саботата го смени менаџерот Нил Ворнок поради лошите резултати оваа сезона.

Кристал палас во петокот на свој терен беше поразен од Саутхемптон (3-1) и се наоѓа во зоната на испаѓање само со 15 освоени бодови.
„Ворнок е разрешен од должноста и веќе не е менаџер на првиот тим. Му се заблагодаруваме за напорната работа и енергијата која ја покажуваше во последните четири месеци“, се наведува на интернет-страницата на Кристал палас.
Ворнок во август на клупата на клубот од Лондон го замени Тони Пулис, но без успех, на 16 натпревари забележа само три победи во Премиер лигата.
Вчера, на гостувањето кај Квинс парк ренџерс екипата ја водеше Кит Милен, а натпреварот заврши 0-0.

Најнови вести