Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2014

Кристал палас го назначи Ворнок за нов менаџер

Англискиот премиерлигаш Кристал палас го именува Нил Ворнок за нов менаџер на клубот, пренесуваат медиумите од Островот.

Овој 65-годишен стручњак од 2007 до 2010 година веќе го предводеше Кристал палас, па челниците на клубот се определија за него наместо за Стив Кларк, поранешниот шеф на стручниот штаб на Вест Бромич албион.
Како што пренесува Би-би-си, Стив Париш, претседателот на Палас, оценил дека Ворнок е најдобра опција за иднината на клубот.
Ворнок во текот на тренерската кариера, меѓу останатите, ги предводеше уште Лидс, Квинс парк ренџерс и Шефилд јунајтед.

Најнови вести