Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2012

Ворнок го презема Лидс

Некогашниот прославен англиски прволигаш Лидс го именуваше Нил Ворнок за нов менаџер, пред кого стои предизвик - враќање на клубот во Премиер лигата.

Шеесет и тригодишниот Ворнок не мораше многу да чека за нова работа откако минатиот месец доби отказ од клупата на Квинс парк ренџерс. На клупата на Лидс тој ќе го замени Сајмон Грејсон, кој на почетокот на февруари е отпуштен по малку повеќе од три години работа. Грејсон во 2010 година го донесе клубот од третата во втората лига, поточно Шампионатот, но кога сезонава почна да паѓа на првенствената табела, клупските челници му врачија отказ.

Лидс се наоѓа на десеттото место на табелата, но шестата позиција сè уште му е на дофат, позиција која води во разигрувањето за влез во елитата, а оддалечен е само три бода.

Најнови вести