Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2012

Грин потпишува за Квинс парк

Роберт Грин наскоро ќе биде нов член на Квинс парк ренџерс, откако со челниците на клубот се договори за плата од педесет илјади фунти седмично.

Триесет и двегодишниот повремен голман на репрезентацијата на Англија во новиот клуб ќе дојде како слободен играч, откако одби да го продолжи договорот со својот довчерашен клуб Вест хем.
„Полицајците“ имаат цел да ја засилат дефанзивната линија, сè со намера да не им се повтори минатата сезона, кога до последното коло не се знаеше дали ќе обезбедат опстанок или, пак, ќе испаднат во понизок ранг. Договорот со Грин доаѓа по неколку дена откако излегоа шпекулациите дека клубот има договор со резервниот голман на Тотенхем, Еурелио Гомес.
Педи Кени, моменталниот број еден на „Лофтус роуд“, најверојатно, ќе му се приклучи на својот поранешен тренер Нил Ворнок во Лидс.

Најнови вести