Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2013

Шамах позајмен во Вест Хем

Напаѓачот на Арсенал, Маруан Шамах, дојде како позајмен фудбалер во Вест Хем до крајот на сезоната, пренесоа англиските медиуми.

Мароканскиот фудбалер не успеа да се избори за место во првиот тим на Арсенал откако во 2010 година дојде од Бордо. Во француското првенство беше успешен за „жирондинците“, одигра 239 натпревари со 79 постигнати голови, но од доаѓањето во лондонскиот клуб само осум пати се запиша на листата на стрелците на 40 натпревари во Премиер лигата.
Претходно на „Аптон парк“ од Ливерпул пристигна Џо Кол кој со „чеканите“ потпиша договор на 18 месеци.

Најнови вести