Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2014

Кристал палас ги казни фудбалерите што глумат

Англискиот премиерлигаш Кристал палас ги казни своите фудбалери Џером Томас и Маруан Шамах поради тоа што се обидоа да одглумат прекршоци на натпреварот со Свонси.

Тони Пулис, менаџерот на Кристал палас, изјави дека нема да толерира вакво однесување и одлучи парично да ги казни двајцата напаѓачи со цел да се избегнат вакви случаи во иднина.
„И двајцата ќе платат поради тоа, ќе бидат казнети. Глумењето е болест, тоа е нешто што треба да се искорени. Ако фудбалерите заборавиле, ние сме тука да ги потсетиме дека тоа што го прават е против правилата. За такви работи не сакам ни да дискутирам, едноставно, чекам извинување од двајцата“, изјави Пулис за англиските медиуми.
Симулирањето прекршоци со цел да се изнуди пенал станува сè посериозен проблем во Премиер лигата, па по овој преседан можно е и другите клубови да постапат како Кристал палас.

Најнови вести