Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2013

Тарабт на заем во Фулам

Мароканскиот фудбалер на Квинс парк ренџерс, Адел Тарабт, следната сезона ќе игра на заем во Фулам.

Тарабт и офцијално беше подложен на лекарски преглед на Крејвен котиџ, па следната сезона ќе игра во Премиер лигата по испаѓањето на Квинс парк ренџерс во втората лига.
„Ми се допаѓа неговата креативност и секако фактот дека постигнува многу голови. Мислам дека може да заврши одлична работа бидејќи е добар играч“, коментираше менаџерот на Фулам, Мартин Јол.
Фулам ќе биде четвртиот клуб на Тарабт во кариерата, по Ленс, Тотенхем и се разбира КПР. За мароканската репрезентација досега има 15 настапи и 4 постигнати голови.

Најнови вести