Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2015

Хидинк во Лондон, на трибина против Сандерленд

По сè изгледа холандскиот стручњак Хус Хидинк ќе го замени Мурињо на клупата на Челзи до крајот на сезоната.

По првото заминување на Португалецот од „Стемфорд бриџ“ како решение беше доведен Луис Фелипе Сколари, но Бразилецот не се снајде најдобро во Англија и набрзо на негово место беше назначен поранешниот селектор на Холандија кој во тоа време беше на клупата на Русија.
Хидинк во 2009 година успеа да го освои ФА Купот, а во Лигата на шампионите беше запрен од Барселона (0-0, 1-1) во еден контроверзен двомеч.
Холанѓанецот вчера слетал во Лондон, а на новинарските прашања одговори дека уште нема договор.
„Сакам прво да соберам што повеќе информации. Челзи се наоѓа во многу лоша ситуација, а за тоа има неколку причини. Пред да донесам одлука сакам да имам увид во комплетната состојба“, изјави Хидинк.
„Што се однесува за натпреварот со Сандерленд, готово е сигурно дека тренерите ќе го преземат водењето на екипата, а јас, можеби во зависност од првите разговори, да бидам на трибината“, додаде Хидинк.
Освен Челзи и споменатите репрезентации, шеесет и деветгодишниот Холанѓанец во текот на кариерата ги водеше и ПСВ, Фенербахче, Реал Мадрид и Анжи, како и селекциите на Турција, Австралија и Јужна Кореја со која играше во полуфиналето на Светското првенство.

Најнови вести