Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2015

Олсен по 15 години веќе не е селектор на Данска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Мортен Олсен, поднесе оставка на функцијата селектор по неуспехот во баражот за пласман на Европското првенство против Шведска.

Данска во Копенхаген ремизираше со Швеѓаните 2-2, но не сè избори за пласман во Франција, бидејќи во првиот натпревар загуби со 2-1.
„Ги информирав играчите и раководството на сојузот дека не продолжувам понатаму. Беше привилегија да се биде дел од националниот тим сите овие 35 години, прво како играч, а потоа и како тренер“, изјави легендарниот 66-годишен поранешен капитен и селектор на Данците.
Тој ги водеше Данците на четири големи натпреварувања и беше селектор со најдолг стаж во Европа.
Како играч дресот на Данска го носеше 102 пати и постигна четири гола.
Воедно, од националниот дрес се прости и досегашниот капитен Ларс Јакобсен, после 80 одиграни натпревари за државниот тим.

Најнови вести