Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2014

Агер дефинитивно ќе ја пропушти Србија

Даниел Агер, капитенот на репрезентацијата на Данска, поради повреда нема да може да игра против селекцијата на Србија во Белград, потврди Фудбалскиот сојуз на Данска.

Поранешниот дефанзивен играч на Ливерпул, кој оваа сезона се врати во матичниот клуб Брондби, ги повреди препоните на првенствениот натпревар против Хебро во неделата.
„Донесена е заедничка одлука во телефонски разговор со селекторот Мартин Олсен. Беше јасно дека да настапува во Белград е преголем ризик за влошување на повредата“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Данска.
Натпреварот од групата И во квалификациите за Европа меѓу Србија и Данска се игра во петок од 20.45 часот на стадионот Партизан, без присуство на гледачи.

Најнови вести