Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2011

Марсеј без Жињак против Дортмунд

Францускиот вицешампион Марсеј ќе биде без услугите на напаѓачот Андре-Пјер Жињак во дуелот против Дортмунд, во второто коло од групата Ф во Лигата на шампионите.

Поранешниот фудбалер на Тулуз, кој минатата сезона пристигна на „Велодром“, две недели беше надвор од тренинг поради истегнување на бутниот мускул. Неодамна се врати на тренинзите со топка и во клубот се надеваа на негов настап утре против германскиот шампион, но се покажа дека сепак сè уште не е подготвен за натпреварувачи предизвици.

Освен овој натпревар, тој ќе го пропушти и мечот против Брест во недела, во деветтото коло од францускиот шампионат.

Најнови вести