Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2015

Меси најдобар на светот, награда и за Ѓоковиќ

Србинот Новак Ѓоковиќ и Американката Серина Вилијамс на свеченоста во Лос Анџелес се прогласени за најдобри тенисери на светот во изборот на ЕСПИ (годишна награда за врвни спортски достигнувања).

Новак и Серина се неприкосновени на АТП, односно ВТА-листата, а неодамна ги одбранија титулите на Вимблдон.
На првиот тенисер на светот конкуренти му беа Хрватот Марин Чилиќ и Швајцарците Роже Федерер и Станислас Вавринка, но жирито немаше дилема кому да му ја врачи наградата.
Ѓоковиќ со семејството веќе неколку дена се одмора на црногорското приморје, додека Серина Вилијамс од Лондон продолжи во Шведска, каде што учествува на турнирот во Баштад.
За најдобар спортист на планетата, во истиот избор, е прогласен Лионел Меси, асот на Барселона. Кристијано Роналдо беше дури петти.
Меси со Барса минатата сезона ги освои: Лигата на шампионите, првенството и Купот на Шпанија. Аргентинецот во 51 натпревар во Премиер лигата и во Лигата на шампионите постигна 53 голови и имаше 27 асистенции.
Стефан Кари, плејмејкерот на шампионот на НБА-лигата, Голден стејт, е прогласен за најдобар спортист на САД.

Најнови вести