Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2015

Англија ја победи Словенија, Русите загубија од Австрија

Англиската репрезентација во драматичниот натпревар со многу возбудувања одигран во Словенија победи со резултат 2-3 и сега е на чекор од пласман на Европското првенство 2016 година.

Словенечките репрезентативци, предводени од поранешниот селектор на Македонија, Среќко Катанец, први поведоа со голот на Новаковиќ во 37-мата минута од натпреварот. Но, во второто полувреме Англичаните направија пресврт и поведоа со 1-2 со погодоците на Вилшер во 57-мата и во 73-тата минута од средбата, а во 84-тата минута Словенците израмнија со погодокот на Пешник. Натпреварот дефинитивно беше решен во 86-тата минута, кога Руни им ја донесе победата на Англичаните.
Во групата Ц, во која игра нашата репрезентација, Украина славеше против Луксембург со 3-0. Сите три погодоци беа постигнати во вториот дел од средбата, прво погоди Кравиц во 49-тата минута, потоа Гармиш во 57-мата, а третиот гол го даде Конопљанка во 87-мата минута.
Русија на домашен терен беше поразена од Австрија со 0-1, па со тоа значително си ги намали шансите за пласман на Европското првенство. Единствениот гол на средбата го постигна Јанко во 33-тата минута.

Најнови вести