Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2015

Харден го остави Хјустон во живот

Кошаркарите на Хјустон ноќеска на свој терен го победија Голден стејт со 128:115 и намалија на 1:3 во финалето на плејофот на Западната конференција во НБА-лигата.

Хјустон со тоа ја продолжи серијата која се игра на четири победи. Најдобар во домашниот тим беше Џејмс Харден со 45 поени, девет скокови и пет асистенции, Џош Смит постигна 20 поени, Тревор Ариза 17, а Двајт Хауард 14 поени и 12 скокови.
Кошаркарите на Хјустон рокетс во првата четвртина беа ефикасни, постигнаа 45 поени, а во другиот дел имаа и 22 разлика, па до крајот ја зачуваа предноста и ја продолжија финалната серија.
Во екипата на Голден стејт вориорс најефикасен беше Клеј Томпсон со 24 поени, а Стефан Кари додаде 23 поени. Тој во текот на втората четвртина скокна во еден дуел под кошот, удри во Тревор Ариза и падна на глава, но по 12 минути се врати на теренот.
„Изгледаше посериозно отколку што беше. Но, ќе се одморам еден ден и ќе бидам подготвен за наредниот натпревар“, изјави Кари.
Дени Грин постигна 21 поен и имаше 15 скокови за Голден стејт, а Харисон Барнс 14 поени.
Следниот натпревар се игра утре, а Голден стејт на домашен терен ќе се обиде да обезбеди пласман во финалето, прво од 1975 година.
Хјустон во полуфиналето на Западната конференција успеа да надополни 1-3 против Лос Анџелес клиперс, но ниту една екипа во историјата на НБА-лигата не победила во една серија на плејофот кога губела со 0-3.

Најнови вести