Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2015

Хамилтон ќе стартува од првата позиција во Австралија

Британецот Луис Хамилтон, бранителот на титулата во Формула 1, ќе стартува од првата позиција на првата трка од новата сезона во Австралија.

Мерцедес, како и минатата година, доминираше бидејќи покрај Хамилтон, единствен возач со време под 1:27,00 минути беше неговиот тимски колега Нико Розберг.
Од вториот стартен ред ќе тргнат Фелипе Маса во Вилијамс и Себастијан Фетел во Ферари, а зад него тимскиот колега Кими Раиконен.
Во првите десет се уште: Валтери Ботас (Вилијамс), Даниел Рикијардо (Ред Бул), Карлос Саинс Јуниор (Торо Росо), Роман Грожан (Лотус) и Пастор Малдонадо (Лотус).
Хамилтон целосно доминираше на „Алберт парк“, беше најбрз во текот на сите три дела на квалификациите, но му помогнаа и проблемите на Розберг со моторот, кој заостана шест десетинки.
Маса стигна зад тандемот на Мерцедес извозувајќи совршен круг во самиот финиш на квалификациите.
Првата трка од новата сезона на Формула 1, Големата награда на Австралија, се вози утре, во чест часот наутро според наше време.

Најнови вести