Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2015

Милан го сака Клоп на клупата

Раководството на Милан ја разгледува можноста за шеф на стручниот штаб да го ангажира Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, пренесува „Тутоспорт“.

Италијанските медиуми претходно објавија дека трофејниот клуб има намера да го отпушти Филипо Инзаги и на негово место да го доведе Винченцо Монтела од Фиорентина.
Но, откако Монтела потврди дека сака да остане во Фиренца, сега главен кандидат да ја преземе клупата на „росонерите“  е 47-годишниот Германец.
Како што пренесува порталот „ТМВ“, доколку Милан го изгуби наредниот натпревар од 26-тото коло на Серија А против Верона, актуелниот тренер Инзаги ќе биде отпуштен.
Милан моментно е десеттопласиран на табелата со 34 бодови и има мали шанси да се вклучи во борбата за горниот дел на табелата.
Седумкратниот шампион на Европа заостанува дури 24 бодови зад водечкиот Јувентус од Торино.

Најнови вести