10.2.2015 Грег Попович стигна до илјадитата победа во НБА
Грег Попович, легендарниот тренер на Сан Антонио, ноќеска ја оствари јубилејната илјадита победа во кариерата.
Сан Антонио во последниот дел го стигна заостанувањето од 14 поени и ја победи Индијана со 95:93.
„Долго сум овде и имав добри играчи. Тоа е формулата. Тешко е да се дојде до играчи, но јас имав среќа да добијам добри. Времето е најважниот елемент. Морате да бидете долго овде“, изјави скромно легендарниот тренер.
Само двајца тренери во историјата дојдоа до бројката од илјада победи побрзо од Попович, тоа се Фил Џексон и Пет Рајли. Освен Попович, само еден тренер со еден тим остварил голем резултат – Џери Слоун.
Попович има скор од 1.000-462 во 19 сезони на НБА-лигата.