Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Попович: Не сакам Паспаљ да ме вози!

Славниот тренер зборува српски јазик само кога е во кафеана, а нема доверба во возачките квалитети на Паспаљ

Легендарниот тренер на Сан Антонио спарс и еден од најценетите кошаркарски стручњаци на светот, Грег Попович, при доаѓањето во Белград, каде што присуствува на кампот „Кошарка без граници“, кажа дека најголема желба му е низ главниот град на Србија да не се вози со автомобилот на Жарко Паспаљ. Се разбира, Поп ова го кажа во шега, но очигледно е дека смета оти неговиот поранешен играч Паспаљ е лош шофер. 
„Не го зборувам добро српскиот јазик, но во кафеана можам да се снајдам и на српски да нарачам вечера. Синоќа бев во кафеана со Дуда Ивковиќ, ја сакам храната и пијалоците тука и моите домаќини секогаш знаат точно на какво место треба да ме одведат. Би сакал да се видам со сите што ги познавам, само Паспаљ да не ме вози со неговата кола“, се пошегува Попович.
На кампот, кој ќе трае до сабота, има голем број познати имиња од српската и светската кошарка, а повеќе од 60 момчиња и девојчиња на возраст до 17 години ќе може да учат разни кошаркарски вештини.