Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2014

Џинобили ќе го пропушти Мундобаскетот?

Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили, најверојатно, ќе го пропушти Светското кошаркарско првенство во Шпанија, откако е утврдено дека му пукнала една коска на десната нога.

На 36-годишниот Џинобили повредата му е дијагностицирана на последниот лекарски преглед по завршувањето на сезоната во која Сан Антонио спарс ја освои петтата титула.
Според информациите на американските медиуми, Аргентинецот со повредата се здобил при крајот на сезоната, при еден груб контакт.
Поради таа повреда, Џинобили би требало да паузира два месеци, но тој ќе побарал мислење и од друг лекар за да види дали постојат шанси да се најде на Мундобаскетот.
Во случај да го пропушти Светското првенство, Џинобили би требало да биде целосно подготвен за почетокот на подготовките на Сан Антонио, на крајот на септември.
Џинобили беше еден од најзаслужните за титулата на Сан Антонио, а во текот на неодамна завршената сезона имаше просек од 12,3 поени и 4,3 асистенции по натпревар.
Светското првенство во Шпанија се игра од 31-ви август до 14-ти септември, а Аргентина ќе игра во групата Б со Филипини, Сенегал, Порторико, Грција и Хрватска.

Најнови вести