Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2014

УЕФА ја суспендира Црвена звезда на една година

Европската фудбалска федерација го суспендираше српскиот шампион Црвена звезда од европските натпреварувања на една година.

Звезда е суспендирана поради кршење на финансиските прописи и финансискиот фер плеј, се наведува во соопштението на интернет страницата на УЕФА.
„Црвено-белите“ со освојувањето на титулата во српското првенство изборија место во квалификациите за Лигата на шампионите, но нема да имаат шанса да се вратат во најелитното европско натпреварување следната сезона.
Одлуката за суспензијата е донесена по долготрајна процедура, а роковите неколку пати биле поместувани. Утврдено е дека клубот прекршил неколку одредби на Правилникот за лиценцирање на клубовите и финансискиот фер плеј. 
Поради тоа Црвена звезда е исклучена од Лигата на шампионите за сезоната 2014/15, а белграѓаните имаа право на жалба до Судот за арбитража во спортот во следните десет дена.
УЕФА најавила и покренување истрага и против Фудбалскиот сојуз на Србија.

Најнови вести