Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2014

Лига на Европа: Кој ќе оди во полуфиналето?

Вечерва се играат реванш-натпреварите од четврт-финалето на Лигата на Европа, а предност од првите дуели имаат: Бенфика, Јувентус, Порто и Базел.

Најблиску до полуфиналето е Базел, кој на „Месталја“ ќе го брани резултатот од 3-0 против Валенсија, додека најтешко ќе му биде на Порто, кој оди во Севилја со 1-0.
Минимална предност од гостувањето имаат главните фаворити на натпреварувањето, Бенфика против АЗ Алкмар, како и Јувентус против Лион.
Јувентус на „Жерлан“ славеше со голот на Леонардо Бонучи на пет минути пред крајот, но и тој еден гол претставува планина за Лион во Торино.
„Беше одлично искуство за младите играчи играњето против Јувентус. Ќе биде тешко во Торино, потребно ни е чудо за да победиме во реваншот“, изјави Реми Гард, тренерот на Лион.
Валенсија ќе се обиде да стане првиот тим кој успеал да надополни три гола дефицит во Лигата на Европа.
„Ќе направиме сè што е можно за да се пласираме понатаму. Не верував дека е завршен двомечот со Лудогорец по првиот натпревар (3-0), не верувам ниту дека е овој. Но ќе биде многу тешко“, изјави Хуан Антонио Пици, тренерот на Валенсија.
Бенфика нема изгубено на последните 11 европски натпревари на свој терен. Ќе игра релаксирано против АЗ Алкмар бидејќи е на чекор од титулата во Португалија.


Лига на Европа, реванш-натпревари (21.05 часот):
Бенфика – АЗ Алкмар (прв натпревар 1-0)
Јувентус – Лион 1-0
Севилја – Порто 0-1
Валенсија – Базел 0-3

Најнови вести