31.3.2014 Кака се договорил со Орландо сити
Кака, бразилскиот фудбалер на Милан, постигнал устен договор за трансфер со американскиот фудбалски клуб Орландо сити.
Како што пренесе шпанскиот весник „АС“, Орландо сити од следната сезона ќе стане 21-от клуб во американската МЛС-лига, а Кака ќе биде прво големо засилување на клубот. Бразилецот усно се договорил со сопственикот на Орландо сити, Флавио Августо да Силва.
Поранешниот најдобар фудбалер на светот неодамна изјави дека еден ден би сакал да игра во САД, а неговиот актуелен тим и покрај големата криза, во саботата го победи Киево со 3-0, а Кака за „росонерите“ го одигра 300-иот натпревари и постигна два гола.