Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2014

Салцбург шампион на Австрија само по 28 кола

Австрискиот прволигашки клуб Салцбург во 28-мото првенствено коло ја осигури овогодишната фудбалска шампионска титула на Австрија.

Салцбург на домашен терен го совлада Винернојштат со 5-0 и со тоа си обезбеди предност од 27 бодови на табелата, па веќе никој не може да го стигне.
Ова е нов рекорд, бидејќи досегашниот рекордер Штурм Грац во сезоната 1997/98 по 29 кола стана шампион на Австрија.
Два дополнителни рекорди Салцбург би можел да собори уште во среда, на гостувањето во Виена против Австрија.
Со 13 последователни победи во една сезона би бил соборен рекордот кој досега го држи Австрија Виена, и тоа од сезоната 1985/86.
Исто така, Салцбург има шанса да го собори рекордот на најмногу постигнати голови во една сезона, кого го држи Рапид од Виена од сезоната 1985/86, кога тој трофеен клуб постигна 101 погодок, а на Салцбург му недостасуваат само три погодоци за соборување на овој рекорд.

Најнови вести