Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2014

Хајнце поради повреди ја завршува кариерата

Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Габриел Хајнце, соопшти дека поради проблеми со повредите е принуден на крајот на сезоната да ја заврши професионалната кариера.

„На сè во животот му доаѓа крај. Њуелс засекогаш ќе остане во моето срце. Сакам да ви кажам дека од лето нема да продолжам професионално да играм фудбал. Едноставно не можам да се борам против своето тело, тоа е однапред загубена битка. Да можам, до крајот на животот би играл за Њуелс, но не смеам да бидам себичен. Ќе го пружам максимумот до крајот на сезоната“, изјави Хајнце за интернет страницата на Њуелс олд бојс.
Хајнце има 35 години, а оваа сезона за аргентинскиот прволигаш Њуелс олд бојс одигра 15 натпревари и постигна еден гол.
Во текот на богатата играчка кариера, Хајнце освои шампионски титули со Њуелс, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Олимпик Марсеј.
Во дресот на аргентинската репрезентација, за која одигра 72 натпревари и даде три гола, во 2004 година го освои златото на Олимписките игри во Атина.