Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2011

Габриел Хајнце во Рома

Аргентинскиот одбранбен играч Габриел Хајнце (33) потпиша договор со Рома, потврди во петокот италијанскиот прволигаш.

Искусниот фудбалер во петокот наутро се појави во Рим и по успешно завршените лекарски прегледи потпиша едногодишен договор со „волчицата“. Ако во текот на наредната сезона одигра најмалку 25 официјални натпревари за Рома, договорот автоматски ќе му биде продолжен за уште една година.

Хајнце во последните две години играше за Марсеј, а пред тоа беше член на Њуелс олд бојс, Валјадолид, лисабонски Спортинг, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. За аргентинската репрезентација одигра 72 натпревари.

Веста за преминувањето на Хајнце во Рома дојде неколку часа откако Барселона објави дека се согласила да го продаде својот напаѓач Бојан Кркиќ на клубот од главниот град на Италија.

Најнови вести