Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2013

Еден од најдобрите играчи на аргентинската лига отиде во Бразил

Бразилскиот фудбалски прволигаш Интернасионал од Порто Алегре доби ново засилување, овој пат од Аргентина. Станува збор за напаѓачот на Њуелс олд бојс, Игнасио Скоко.

Скоко потпиша повеќегодишен договор откако бразилскиот клуб за неговата оштета плати 5,3 милиони евра. Во клубот од Росарио, кого со своите голови го доведе до шампионската титула на Аргентина и до полуфиналето на Копа Либертадорес, помина една година на заем.
Дваесет и осумгодишниот напаѓач ќе биде дополнително засилување во нападот на екипата која ја предводат Диего Форлан и Леандро Дамијао.
Во последниот ден од преодниот рок, клубот кој го води поранешниот бразилски селектор Карлос Дунга се засили уште и со 31-годишниот играч за врска Алекс, кој пристигна од катарскиот клуб Ал-Гарафа.

Најнови вести