Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Васоски нема дилеми: Вардар секогаш има иста цел, освојување на титули

Александар Васоски за првпат ќе почне една сезона во домашното првенство како главен тренер, а со Вардар ќе има тешка задача да ја врати титулата. И веднаш на стартот, во сабота од 17 часот на ред е дербито со Шкендија во Тетово

Васоски го замени сменетиот колега на клупата на Вардар, Бобан Бабунски, а веќе го предводеше најтрофејниот клуб кај нас, против Пјуник. Во квалификациски двомеч за пласман во Европа Лигата со Ерменците Вардар не успеа да мине понатаму, па сега целта е да се освојат домашните титули.
„И како играч на Вардар и сега како тренер целите се исти, да се освојуваат титули. Имаме квалитетен состав, иако имаше доста промени, па очекувам успешен шампионат за клубот. Втора сезона по ред играме дерби со Шкендија во првото коло. Очекувам неизвесен дуел на двете најдобри екипи во Македонија. Задачата не е лесна, но верувам дека ќе дадеме максимум за да победиме“, изјави Васоски.

 

Најнови вести