Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Тренерите на Шкендија и Вардар си ги посочија слабите точки

Дербито заврши нерешено, бидејќи тимовите ја казнуваа деконцентрацијата кај противникот

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, и неговиот колега од Вардар, Александар Васоски, видоа и добри и лоши страни во играта на своите тимови по денешното дерби од 1. коло во првата македонска фудбалска лига. Дербито во Тетово заврши со 2:2, публиката виде три прекрасни гола, па главните кандидати за титулата, заслужија да добијат по еден бод.
Вардар водеше со 1-0, но на крај се спасуваше од пораз. Двата гола беа постигнати со шутеви од голема далечина. Според Васоски, минус за скопските „црвено-црни“ е што дозволиле да примат гол при 1-1, кога имаа играч повеќе на теренот. 
„Бод од гостување кај актуелен првак е добар старт на сезона. Има простор за напредок. Не требаше да го примимие вториот гол во ситуација кога имавме играч повеќе на теренот. Мора да работиме на тој план, но добро е што не се предававме и заслужено дојвовме до бод“ – рече Васоски чиј тим има уште едно незгодно гостување во Тетово, кај Ренова. 
Османи има забелешка кон своите фудбалери што не ги блокирале шутевите од кои дојдоа двата гола на Вардар. Тој рече дека ова е грешка која се случува и на други мечеви, и во иднина мора да стојат на блок кога ќе видат дека противнички играч се подготвува да шутне од далечина. 

Најнови вести