Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2011

Рисе во Марсеј?

Актуелниот шампион на Франција, Марсеј, е заинтересиран за левиот бек на норвешката репрезентација и на Рома, Бјорн Хелге Рисе.

Рисе не се снајде баш најдобро во Вечниот град, па со големо задоволство би ја променил средината. На другата страна, Габриел Хајнце, без сомнение, си заминува од клубот.
Рисе кариерата ја почна во Алесунд, а најѕвездените моменти ги доживеа во Ливерпул. Иако изгледа како да игра фудбал 100 години, тој има само триесет.
Неговиот договор со „римската волчица“ истекува следното лето, така што таа би сакала, доколку реши да си замине, да заработи некоја пара од него. Некои англиски медиуми шпекулираат дека токму Ливерпул можеби ќе се обиде да го врати во своите редови.

Најнови вести