Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2013

Зубизарета во Аргентина го бара наследникот на Виланова

Андони Зубизарета, спортскиот директор на Барселона, отпатува за Аргентина за да се состане со тренерот на Њуелс олд бојс, Херардо Мартино, кој на клупата на шампионот на Шпанија би требало да го замени Тито Виланова, пишуваа шпанските медиуми.

Тренерот на Њуелс олд бојс се споменува како наследник на Виланова на „Камп ноу“, а според пишувањата на медиумите, Зубизарета е во Буенос Аирес на преговори.
Покрај Мартино, и тренерите на Селта и на Тотенхем, Луис Енрике и Андре Вилаш-Боаш, се наведуваат како големи кандидати за новиот наследник на Барселона.
Сандро Росел, претседателот на Барселона, во саботата соопшти дека тренерот Тито Виланова нема да може да продолжи да го води првиот тим поради болеста.

Најнови вести