Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2011

Хулиган го удри Меси

На најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, еден хулиган на сред улица му удри шлаканица.

Според пишувањата на аргентинските медиуми, напаѓачот на Барселона ручал во ресторанот „Клуб де ла Миланеса“ со двајца пријатели. Во тој момент пред ресторанот се појавила група средношколци кои сакале да се сликаат со својот идол. Меси се одлучил да им ги исполни желбите на своите фанови и излегол од ресторанот, а во тој момент се појавил навивач на Росарио Централ.
„Ти си играл за Њуелс олд бојс, а јас сум навивач на Сентрал“, извикало непознатото лице, а потоа му удрило шлаканица на дваесет и тригодишниот фудбалер и избегало.
Изненадениот Меси не реагирал, туку мирно со друштвото се повлекол од местото на настанот без никакви коментари.
Малиот Аргентинец, како дете тренирал во Њуелс, пред Барселона да го открие неговиот талент. Но и ден денес Меси се декларира себеси како навивач на својот матичен клуб и најголем ривал на Росарио сентрал.

Најнови вести