Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2013

Херардо Тата Мартино е новиот тренер на Барселона!

Педесетгодишниот Херардо Тата Мартино е новиот тренер на каталонскиот фудбалски гигант Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Поранешниот тренер на Њуелс олд бојс стигна во просториите на каталонскиот клуб вчера во попладневните часови заедно со двајцата свои соработници, Елвио Паолоросо и Хорхе Паутасо, и потпиша тригодишен договор. Аргентинецот на местото тренер на Барселона ќе го наследи Тито Виланова, кој мораше да се повлече од клупата поради здравствени проблеми.
Мартино беше првиот избор и кај најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси, кој пред една година баш него го издвои за тренер со кого би сакал да работи еден ден.
Мартино во досегашната кариера тренираше седум различни клубови, но досега ниту еден од Европа. Од 2006 до 2011 година беше селектор на парагвајската национална екипа и во тој период (во 2007 година) ја прими наградата за најдобар јужноамерикански тренер.

Најнови вести