Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2011

Кјаер цел на Рома

Според пишувањето на италијанските медиуми, Рома во своите редови сака да го донесе репрезентативецот на Данска, играч од одбраната кој настапува за Волфсбург, а е поранешен фудбалер на Палермо, Симон Кјаер.

Иако, „волчицата“ по заминувањето на Филип Мексес, своите редови ги засили со искусниот Габриел Хајнце сепак имаат за цел дополнително да ја засилат својата дефанзива со уште еден квалитетен фудбалер.

Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини, одлично го познава Кјаер, со оглед на тоа дека во исто време работеа во Палермо.

Според некои извори, Волфсбург, веќе една ја одбил понудата на Рома, вредна шест милиони евра, бидејќи пред година дена го платија двојно повеќе.

Сабатини ќе се обиде да го доведе овој играч на едногодишен заем, со опција неговиот договор да биде откупен на крајот на сезоната.

Дваесет и двегодишниот Кјаер, пред заминувањето во Германија, па и сега, се поврзуваше со трансфер во Јувентус.

Најнови вести