Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2011

Јувентус позајми парагвајски репрезентативец

Марсело Естигарибија, 24-годишниот парагвајски крилен фудбалер, е новото засилување на Јувентус од Торино, објавија од италијанскиот клуб.

Јувентус го зеде на заем Парагваецот од францускиот второлигаш Ле Ман до крајот на сезоната, со право на откуп на договорот по неговото истекување. Според италијанските медиуми, откупната клаузула изнесува околу пет милиони евра.
Естигарибија го помина лекарскиот преглед уште во петокот.
Во Ле Ман овој фудбалер пристигна во 2008 година, но оттогаш не успеа да се наметне. Во меѓувреме беше зајмуван, и тоа од Њуелс олд бојс од Аргентина.
Со настапите во аргентинската лига ги импресионира скаутите на Јувентус, а летово блескаше како еден од најдобрите фудбалери на Копа Америка каде со Парагвај стигна до финалето.

Најнови вести