Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2013

Хамбургер го отпушти Арнесен, доаѓа Магат

Иако засега нема официјална потврда од клубот, германските медиуми пишуваат дека Хамбургер му врачил отказ на досегашниот спортски директор Франк Арнесен.

Некогашниот дански фудбалер во клубот од Хамбург дојде пред две години од Челзи, каде што, исто така, ја извршуваше должноста спортски директор. Но, од самиот почеток на работата во Германија беше цел на критики поради премалиот број квалитетни засилувања. Останувањето без пласман во Лигата на Европа, се чини, на Арнесен дефинитивно му донесе отказ.
Според германските медиуми, 56-годишниот Данец е отпуштен на состанокот на управниот одбор вчера вечерта, а од клубот, наводно, веќе воспоставиле контакт со Феликс Магат, кого го сакаат за нов спортски директор. Магат како играч дресот на Хамбургер го носеше од 1978 до 1986 година, а во Хамбург ја почна и тренерската кариера.

Најнови вести