Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2013

Гроскројц: Покажавме дека сме голем клуб

Кевин Гроскројц, фудбалерот на Борусија од Дортмунд, по пласманот во финалето на Лигата на шампионите рече дека неговиот тим издржал огромен притисок од Реал Мадрид.

Борусија е поразена со 2-0, но помина во финалето по убедливата победа од 4-1 во првиот натпревар на домашен терен.
„Реал добро нè притисна во финишот, беше густо, но сè издржавме. Покажавме дека сме голем клуб и мислам дека заслуживме да играме во финалето“, изјави Гроскројц.
„Сè уште не размислувам за „Вембли“, сега само сакам со екипата да го прославам пласманот во финалето. Заслуживме прослава, за финалето ќе размислуваме утре“, додаде Гроскројц.
Серхио Рамос, стрелецот на вториот гол за Реал, наведе дека е штета што неговиот тим не ги искористи шансите во првото полувреме.
„Тоа е фудбалот. Требаше и во Дортмунд да играме како вечерва, најмногу ми е жал за навивачите“, изјави по средбата Рамос.
Борусија во финалето на Лигата на шампионите на 25-ти мај, на лондонскиот „Вембли“, ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Барселона и Баерн Минхен.

Најнови вести