Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2013

Болница во Интер, 13 повредени

Естебан Камбијасо и Фреди Гуарин, играчите за врска на Интер, се придружија на списокот на повредени играчи во клубот.

Неверојатно е дека во Интер има 13 повредени играчи, а во последно време речиси да нема натпревар, а да не се повреди ниеден играч на „нераѕурите“. Камбијасо и Гуарин се повредија на натпреварот со Рома во полуфиналето на Купот на Италија, кој го изгубија со 3-2 на „Џузепе Меаца“.
Во последно време тренерот Страмачони поради повреда не може да смета на Гаргано, Касано, Паласио, Милито, а одамна се отсутни Киву, Кастелаци, Мбаје, Нагатомо, Мудингај, Џоел Оби и Дејан Станковиќ.
Фудбалерите на Интер изгубија четири од последните пет натпревари во Серија А, а со тоа значително ги намалија шансите да дојдат до место што води во Лигата на шампионите.

Најнови вести