Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2013

Борусија против Шахтар без Гроскројц

Актуелниот германски шампион Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите нема да може да смета на 24-годишниот играч за врска Кевин Гроскројц.

„Кевин дефинитивно нема да може да игра во среда во Донецк“, потврди Јирген Клоп, тренерот на клубот од Дортмунд.
Гроскројц сè уште ги чувствува последиците на грипот поради кој два дена заврши во болница. Под знак прашалник за настап во Украина е и Илкај Гиндоган, кој го повреди палецот на ногата во победата на германската репрезентација (2-1) во пријателскиот дуел против Франција минатата среда. Гиндоган заигра во саботниот пораз на Борусија против Хамбургер (1-4), но повторно почувствува болка, поради која не е сигурен патник во Донецк.
Добра веста за Клоп е целосното закрепнување на левиот страничен играч Марсел Шмелцер.

Најнови вести