Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2012

Антиќ нов тренер на Шандонг

Радомир Антиќ, 64-годишниот поранешен селектор на српската фудбалска репрезентација, е нов тренер на кинескиот Шандонг Луненг.

Српските медиуми наведуваат дека Антиќ потпишал двегодишен договор, а тоа ќе му биде прва работа од септември 2010 година, кога е сменет од српската селекторска клупа.
Во текот на кариерата Антиќ седеше на клупата на Барселона и на Реал, но најголем успех постигна со Атлетико Мадрид, со кого во 1996 година ја освои двојната круна.
Шандонг Луненг минатата година заврши на разочарувачкото 12-то место во кинеското првенство.

Најнови вести