Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2012

Лејкерс му даде отказ на тренерот Браун

Лос Анџелес лејкерс го отпушти тренерот Мајк Браун по лошиот старт на сезоната.

Лејкерси го почнаа новиот шампионат многу амбициозно, ги доведоа Двајт Хауард и Стив Неш, но на првите пет натпревари забележаа само една победа.
Досегашниот помошник на Браун, Берни Бикерстаф ја водеше екипата на синоќешниот меч против Голден стејт, кој лејкерси го добија со 101:77.
„Ни беше многу тешко да ја донесеме оваа одлука. Мајк ѝ беше посветен на работата, но почувствувавме дека е во најдобар интерес за тимот да ја прекинеме соработката. Му посакуваме сè најдобро во понатамошната работа“, изјави генералниот менаџер на клубот, Мич Купчак.
„Многу ги почитувам сите во клубот и благодарен сум што ми пружија шанса да ги водам лејкерси. Ги ценам сите играчи и луѓе со кои тука соработував и им посакувам многу успех во продолжението на сезоната“, рече Браун по прекинот на соработката.

Најнови вести