29.8.2012 Лион без Лисандро Лопес две до три седмици
Францускиот фудбалски клуб Лион остана без напаѓачот Лисандро Лопес на две до три седмици.
Дваесет и деветгодишниот Аргентинец во натпреварот од третото коло од францускиот шампионат го повреди бутниот мускул на десната нога, а дополнителните прегледи покажаа дека ќе мора да отсуствува од теренот две до три седмици.
Лион на тоа гостување кај Евијан заработи еден бод (1-1) благодарение на погодокот на Мишел Бастос во 74-тата минута, откако го замени повредениот Лисандро Лопес.
Аргентинецот ќе го пропушти следното коло во првата француска лига и домашниот натпревар против Валенсиен (на први септември), но би можело да биде спремен за средбата од петтото коло (на 15-ти септември) против Ажаксио.