Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2012

Лион без Гуркуф три месеци

Јоан Гуркуф, 26-годишниот француски фудбалски репрезентативец во редовите на Лион, ќе отсуствува од теренот три месеци поради повреда на десното колено.

Гуркуф се повреди во саботата, во победата од 4-1 против Троа. Тој ги измести страничните вкрстени лигаменти, но не дојде до нивно пукање, а за таа повреда вообичаена пауза е до три месеци.
Ова е тежок удар за Лион, кој во првите две кола на францускиот шампионат оствари максимален учинок и кој, се чини, дека конечно го пронајде вистинскиот ритам.
Следното првенствено коло на Лион му носи гостување кај Евијан, а средбата на распоредот е на 24-ти август.

Најнови вести