Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2012

Волфсбург без Хелмес кај Хановер

Феликс Магат, тренерот на Волфсбург, нема да може да смета на напаѓачот Патрик Хелмес во натпреварот против Хановер, во 30-тото коло на германската фудбалска лига.

„Хелмес беше заменет на полувремето на натпреварот против Борусија Дортмунд (кој заврши со пораз од 3-1) во минатото коло поради истегнување на бедрениот мускул и од тогаш нема тренирано со првата екипа“, рече Магат на конференција за новинарите.
Патрик Хелмес е втор стрелец на „волците“ со осум голови на 13 натпревари.
Натпреварот меѓу Хановер, кој е домаќин, и Волфсбург се игра вечерва со почеток во 20 часот.

Најнови вести