Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2012

Историски Ол-стар и рекорд на Коби

Селекцијата од Западот го доби 61-от Ол-стар меч во Орландо, победувајќи во „Амвеј центарот“ со 152:149 (39:28, 49:41, 36:43, 28:37).

Коби Брајант стана најдобриот стрелец во историјата на Ол-стар, а Двејн Вејд стана третиот играч со трипл-дабл, по Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.
Западот водеше во текот на целиот меч, но Истокот на крајот за малку ќе го повтореше херојскиот пресврт од Вашингтон 2001 година. Соборени или изедначени се низа рекорди, а најдобри актери беа МВП на мечот - Кевин Дурант на Западот и Леброн Џејмс на Истокот.
Брајант во историјата влезе по уште една основа, со забивањето во контра, на 4:57 до крајот на третата четвртина, кога го надмина рекордот на Мајкл Џордан и неговите 262 Ол-стар поени. Дотука веќе ги престигна поранешните ѕвезди на Лејкерс, Оскар Робертсон (246) и Карим Абдул-Џабар (251), а со конечните 27 погодоци вечерта застана на 271-от погодок во своите 13 настапи. Но, му избега петтата МВП-титула, со што би бил осамен на врвот, пред Боб Петит.
Вејд ја водеше и разигруваше екипата на Истокот со 24 поени, 10 асистенции и 10 скокови, последниот на дваесеттина секунди пред крајот. Тој тоа го направи исто како и Џордан во 1997 година (14+11+11) и Леброн Џејмс лани (29+12+10).

Најнови вести